Вести Македонија Топ вести

Расчистен случајот со наводното киднапираше во училишниот двор во Карбинци, МВР вели нема кривично дело

Расчистен и документиран е случајот со наводен обид за грабнување на ученичка пред училиштето „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека по истрагата е  утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Пронајден е 20 годишникот кој според сведочењата на учениците барал да влезат во автомобилот, а на девојчето од деветто одделение го поканил и на кафе.

Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, се вели во соопштението од МВР.

Доказниот материјал ќе биде доставен до штипското Јавно обвинителство и Центар за социјални работи за понатамошна постапка.

Градоначалникот на општината Виктор Паунов во телефонски разговор изјави дека тие не се мешаат во работата на полицијата, но дека соопштението е премногу општо и не содржи детали за настанот, која била намерата на лицето да доаѓа во училиштето за време на настава, кој бил мотивот да им дава пари на учениците и зошто децата панично реагирале и случајот веднаш го пријавиле кај наставничката.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволна од предложените законски решенија

Дејан Дејан

„Без мене Израел нема да постои“, Трамп се погласен во критиките против Нетанјаху

Дејан Дејан

Јотова имала „вознемирувачки сигнали“ дека еден од амандманите од нацрт-извештајот за Македонија може да не го помине филтерот на европратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе