Вести Македонија

Протест на Независниот синдикат на здравствени работници

Револтирани поради фактот дека надлежните институции немаат слух за проблемите со кои се соочуваат, дел од здравствените работници на протест пред Министерството за здравство ги повторија своите барања: зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно време со неопределено.

Итно да се направи трансформација на сите времени вработувања кои ги има во сите здравствени институции на Здравствен дом Скопје и Клинички центар,  низ цела територија, со цел да ги задржиме тие млади луѓе, бидејќи работат за плата , може да се нарече социјална помош од 20.000 денари, изјави Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

За време на пандемијата со Ковид 19 бевме херои, за потоа да се заборави на сето тоа, револтирано реагираат членовите на Независниот синдикат на здравствени работници.

Работиме без здравствено осигурување , фактички со 20.000 денари плата ако не платиме здравствено осигурување ние немаме. 1800 денари е здравствено значи ние зимаме 18.200 основна плата. Немаме право на одмор, немаме право на боледување, немаме никакво право, изјави медицинската сестра Билјана Џонова.

Велат дека доколку и овој пат Министерството за здравство и Министерството за финансии не најдат соответно решение за нивните барања ќе ги радикализираат протестите и ќе излезат пред Влада.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе