Вести Економија Топ вести

Скромен раст и сѐ уште висока инфлација, НБРМ со ревидирани бројки за македонската економија

Народната банка со попесимистички прогнози за македонската економија во однос на владините. Годинава ќе се заврши со скромен  раст од само 1,9 отсто и инфлација од  9, 5 проценти. Овие бројки се полоши од априлските проекции на банката. Владините пак пооптимистички. Прогнозираат раст од 2,5 отсто за годинава.

Според, проекциите на НБРМ економијата бавно заздравува, предупредуваат ако дојде до стопирање на мерките за замрзнување на цените, кои најверојатно ќе важат до крајот на годинава, но и зголемувањето на платите следната година, тоа може да биде нов притисок врз инфлацијата.

Ако имаме политики на агрегатна побарувака и тоа прекумерна, споредена со понудата во економијата може да преставува нагорен ризик за инфлацијата и затоа препораките се добро координирани и внимателни макроекономски политики, вели гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.

Иако, има намалување на дефицитот, од НБРМ велат дека државата треба да внимава како се полни буџетот и како се трошат парите, затоа што јавниот долг е висок.

Јавниот долг е значајно зголемен во целиот  регион и неопходна е консолидација, а таа може да се направи само преку намалување на буџетскиот дефицит, додава Бежоска.

Годинава се очекува намалување на дознаките од странство, активноста на компаниите, трговската размена, нарачките од странство. Подобри бројки домашната економија ќе генерира во следните години.

Во 2024 растот би бил околу 3 проценти, инфлацијата пак во следните две до три години треба да падне на 2 отсто.

Ризиците за глобалните економии ќе останат, главно заради конфликтот во Украина и новото жариште на Блискиот исток. Банскарскиот сектор е стабилен, Девизниот курс исто. Девизните резерви изнесуваат 3, 9 милијарди евра или 28 отсто од БДП.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе