Култура

Луан Старова беше човек- институција и културен деец со космополитски визури

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” се одржа Меѓународна научна конференција посветена на академик Луан Старова, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност.Човек институција, врвен автор и мисионер,  докажан културен деец со космополитски визури, поет и еден од најактивните медијатори со голем број поетски традиции преку неуморните активности со децении на Струшките вечери на поезијата, беше истакнатo во поздравните обраќања на конференцијата.

  • Луан Старова како писател и истражувач не може темелно да се анализира и проучува без да се има предвид Луан Старова како мислител и педагог, експерт за француската и франкофонските книжевностии книжевни идеи, но темелен познавач на сите балкански книжевности и култури. Преведувач на плејада други автори, но и самопреведувачПоливалентен писател, едновремено вгнезден во две , но можеме да кажеме и повеќе култури. Дипломат во земји од три континенти, Тунис, Палестина, Франција, нерезидентен амбасадор за Шпанија и Португалија. Прв македонски претставник во УНЕСКО, истакна проф. д- р Владимир Мартиновски, декан на Филолошки факултет „Блаже Конески“ .

Беше граѓанин на светот и од секој град каде што живееше тој умееше да направи културна престочнина, така и од Скопје направи културна метропола, така и од градовите каде што беше амбасадор или визитинг професор , правеше центри на културата. Со својот настап и со своите дела, со својот јавен углед и авторитет на креатор и придвижник на јавното мнение академик Старова јасно исцртуваше мапа на културни престолнини, рече ректорка на УКИМ, Биљана Ангелова .

Луан Старова, не е само романсиер, есеист, истражувач публицист и дипломат, тој е проминентен професор по Француска и Компаративна книжевност кој со своето книжевно дело создаде еден духовен, ментален, историски, етнички и цивилизациски портрет на Балканот, истакна Исмет Рамадани.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе