Вести Култура

Филмот „Патување пеш“ (The Walk) на Тамара Котевска премиерно во Њујорк на 9-ти ноември

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет.

  • Беше интересно да се види што разбуди оваа кукла кај целото тоа население и при тоа што разбуди кај бегалците кои ги среќававме по камповите каде што гостуваше куклата за на крај после 90 дена пат да дојдам до последниот концепт што е всушност претставување на едно девојче, бегалче, што оваа кукла значи во нејзиниот живот и дека тоа е единствената надеж, вели Тамара Котевска, режисерка 
  • Темата која ја обработува за жал и денес е актуелна, и денес сме сведоци на човечки страдања од невидени размери. Многу од нив се принудени да го напуштат својот дом. За жал не се малку ги има околу 110 милиони принудно раселени, од кои 36 милиони се бегалци, вели Самир Љума, кинематографер 

Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.   

  • Мојата канцеларија се пренесе на пат во комбиња, во хотелски соби, не дека не бев подготвен, ниту копнеам по канцелариски работа, туку сфативме дека нема друг начин како да се монтира оваа приказна, изјави Мартин Иванов, монтжер

 Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е  една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Петровска и Милошоски за „нон-пејперот“: Постепена интеграција или „резервна клупа“ за Балканот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе