Вести Култура

Светскиот ден на аудиовизуелно наследство- дали и каква стратегија постои за заштита и сочувување на филмското културно наследство

Светскиот ден на аудиовизуелно наследство кога со различни промоции и активности го оддбележуваат сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот го отвора прашањето дали и каква стратегија, но и финанска поддршка постои за заштита и сочувување на филмското културно наследство кај нас.

Важно е да се подигне свеста за поголема финансиска поддршка на стручниот кадар кој е ангажиран на скенирање и реставрација на филмскиот фонд, и покрај тоа што Кинотеката тоа го прави со сите сили сепак кога станува збор за филмското културно наследство мора да бидете во чекор со најновите технологии и условите за чување на традиционалниот и дигиталниот филмскиот фонд, вели Владимир Ангелов.

  • Никогаш не се доволно средства за вакви ангажмани.Нашата институција Кинотеката, генерално сите кинотеки се институции кои што оперираат со многу скапи средства. Тука е пред се вклучена многу скапа техника, технологија која што релативно брзо застарува, знаете и вие работите во телевизија, техника која што по две три години е застарена, доаѓаат нови и нови генерации- Владимир Ангелов, директор на Кинотека на РС. Македонија.

Во моментов се привршува дигиталната реставрација на филмот „Мементо“ на Димитрие Османли.

  • Веројатно тоа ќе биде првата целосна реставрација на долгометражен македонски филм во Македонија, до сега тоа сме го правеле надвор во други лаборатории, годинава ја правиме тука целосно кај нас и мислам дека ќе биде еден од поинтересните резултати- Александар Трајковски, виш филмолог  во Кинотека на РС. Македонија.

Граѓаните кои денеска ја посетија Кинотеката добија бесплатни изданија – печатени и ДВД изданија на Кинотеката, како и организирана тура низ просториите и депоата на институцијата која се грижи за националното филмско наследство.Целиот месец октомври во Кинотеката е посветен на заштитата на филмското наследство, неговата промоција и подобрување на условите во кое се чува од заборав и уништување, во насока на негова достапност до граѓаните.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе