Вести Култура

Со ребалансот на буџетот нема да се кратат средствата за филмска дејност

Со ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура, нема да се кратат средствата за филмска дејност, туку ќе има прераспределба на парите и исплати, согласно склучениот договор со Агенцијата за филм.

Ваков одговор добил директорот на Агенцијата за филм во телефонски разговор со министерката за култура, по вчерашната писмена реакција на филмските работници дека ќе се кратат средствата за филмска дејност со ребалансот.

Директорот на Агенцијата Лазаревски, за Телма изјави дека и тие минатата недела од Секторот за финансии при Министерството за култура добиле најава за кратење на буџетот за 10 милиони денари, и прашање дали за тоа веќе го добиле анексот на договорот за реализација на буџетот, кој на годишно ниво го потпишуваат со ресорот култура. Но, вели до сега немаат официјална информација за начинот како ќе се распределуваат средствата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе