Вести Економија

Расте цената на нафтените деривати, од утре дизелот поскап за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе нова одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12% во однос на одлуката од 27.7.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,204 ден/кг и сега ќе изнесува 43,542 ден/кг.

Со новото поскапување Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 85,5 денари за литар, а 98ката два денари поскапо или 87,5 денари. Дизелот ќе чини 76,5 денари за литар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе