Вести Економија

За Битиќи е нелогично и неетички Мепсо да врати директор разрешен со отпремнина

И за вицепремиерот Битиќи  е нелогично и неетички Мепсо да врати дирекор на позиција од која претходно бил разрешен со отпремнина.  Вицепремиерот за економски прашања вели  дека најверојатно тој  бил разрешен, затоа што не ги исполнил очекувањата на работното место, и за случајот треба да има објаснување од компанијата.

Еднаш разрешен човек веројатно не исполнил па се разрешува, би било нелогично и неетички да се врати на истото работно место, но сметам дека генералнито директор на Мепсо треба да го прашате него и ние на влада да прашаме зошто е тоа направено, вели Фатмир Битиќи-вицепремиер за економски прашања. 

Од кабинетот на вицепремиерката Грковска, задолжена за политики за добро владеење, побарале и Надзорниот обор на АД Мепсо-  во државна сопственост да дадат детално објаснување за конкретнит случај.

Истовремено од Надзорниот одбор се побарани и информации за тоа какви активности се преземани за наодите на Државниот завод за ревизија, каде се укажува дека е неопходно да се преиспита потребата од предвидување на право на отпремнина во менаџерските договори, имајќи предвид дека истата согласно законската регулатива се исплаќа единствено кај надоместоците од работен однос при заминување во пензија, вели Славица Грковска, заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење.

Претходно и од Антикорпуциска се изјаснија дека, ваквиот потег е неетички и ако има пријава ќе отворат предмет.

Експертите пак  сметаат дека ваквиот начин на функцонирање на друштвата во државна сопственост мора да се промени, затоа што тие вршат јавни услуги, а ги уживаат придобивките од приватниот сектор. Битиќи пак тврди дека до сега се ревидирани низа менаџерски договори, а намалени се и привилегиите на менаџерите и смета дека тоа и понатаму треба да продолжи.

Според извори на Телма, лицето Томи Божиновски бил директор на ИТ секторот во Мепсо. Но бил разрешен и добил отпремнина. Работел и во Марнет,  но по извесно време повторно е назначен за директор на истиот сектор.

И од државниот ревизор пред извесно време констатираа дека раководителите во компанијата, директори и членови на Управни и надзорни одбори имале менаџерски договори за да земаат отпремнини во висина од 12 месечни плати на ниво на компанијата, по заминување од функцијата. Според тогашниот извештај, двајца членови на Управни одбори ја тужеле МЕПСО во 2021 година и добиле како отштета над 37.000 евра.

 

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе