Вести Економија Македонија

За СДСМ и за ВМРО – ДПМНЕ најважно е да ја тргнат вината за рудникот од себе- невладините им порачуваат- тоа нема да биде карта за добивање на следни избори

Активистите против рудници во Струмичко испратија предупредување до политичките партии во земјава дека нема да дозволат темата рудници да биде карта за добивање на следни избори.

Ристоманов од „Еко долина“ вели дека не се наивни, цели шест години и неколку изборни циклуси рудникот е тема за добивање гласови, сега бараат решавање нез одложување и ветувања.

За активистите е смешно префрлањето на одговорноста што со денови трае помеѓу двете партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во однос на прашањето кој прв дал концесија за рудник кај селата Иловица и Штука.

Ристоманов вели дека наместо препукувања, очекувал разумно однесувањ еи извинување.

Двете политички партии се со различни верзии за тоа како тргна приазната за рудникот кај Иловица.

Едните ја обвинуваат владата на СДСМ која ја издала концесијата за геолошки испитувања на таа локација, другите се повикуваат на концесиите за експлоатација издадени во време на владеење на ВМРО ДПМНЕ.

И за двете политички партии во моментов најважно е да ја тргнат вината за рудникот од себе, без да објаснат како ќе го решат ова горливо еколошко прашање кое доведува до рпотести и бунт кај локалното население во Југоистокот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе