Вести Економија

Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви

Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година, соопшти МЗШВ.

Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја подели во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица. Ова беше барање на подсекторската група за жито, која министерството ја поддржа и достави информација до Владата, која го прифати барањето и на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за стокови резерви да постапи согласно барањето, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена.

Исто така, за поддршка за производителите на јачмен и пченица министерството веќе креираше две нови мерки кои се предложени до Владата и очекуваме нивно усвојување на некоја од следните владини седници.

Преку Интервентната програма креиравме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година.

Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за  производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

Наша цел како министерство и Влада, преку Националниот план за производство на храна кој го донесовме минатата година, е поддршка на домашното производство и поголем мотив за земјоделците да остварат поголем принос значајни култури, а домашното производство да се насочи кон домашните капацитети. Владата и министерството уште еднаш на дело покажаа дека се вистински партнери на земјоделците. Заедно ги креираме мерките и заедно ќе продолжиме да го зголемуваме домашното производство, се наведува во соопштението од МЗШВ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе