Култура

Во Париз меѓународна презентација на „ Отворен Балкан “, во сферата на културата

Во рамките на иницијативата Отворен Балкан, во сферата на културата, вечерва во 20 часот во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати“. Изложбата е замислена како меѓународна презентација на „ Отворен Балкан“ , а, на неа ќе се претстават визуелните уметници Кристина Пулејкова од Македонија, Нина Жељковиќ од Србија и Дриант Зенели од Албанија.

Куратор на изложбата е Клаудија Пецолд, која е основач на порталот за подигање на свеста за преобразба на природното и културно наследство „ Курирање на еволуцијата“, која се фокусира на современата уметност  и ги нагласува основните врски меѓу трите земји, во рамки на „ Отворен Балкан“.

Изложбата „Супстрати“ ќе биде отворена до 12 август, а е организирана под покровителство на министерствата за култура на Македонија, Србија и Албанија.  Со неа започнува т.н. проект „ Сезона на Отворен Балкан“, кој со различни содржини ќе продолжи и следната година во Културниот центар на Србија , во Париз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шестото издание на „Литера“ со повеќе новитети

Дејан Дејан

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе