Вести Економија Македонија

Милиони евра за адвокатски услуги во меѓународна арбитража, милијарда евра во опасност доколку се изгубат споровите- предупредува Ревизорот

Ако Македонија ги изгуби арбитражните постапки кои се водат пред Меѓународните судови, а произлегуваат од склучените  меѓународни договори тогаш државата ќе треба да плати над милијарда и 330 милиони евра, открива Државниот завод за ревизија во последниот извештај за финансиското работење на владата со основниот буџет.

Покрај тоа државата само во 2021-ва за адвокатски услуги од странски правни друштва има платено 3,8 милиони евра. Постапките пред меѓународна арбитража се поведуваат за договори меѓу државата и приватни странски компании кога една од двете страни смета дека е оштетена.

Во периодот од 2018 до 2022 година во тек се пет арбитражни постапки за што од буџетот односно од парите за граѓаните се исплатени околу 15,6 милиони евра за адвокатски услуги.

Ревизијата укажува на потребата за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување и иницирање на одговорност, стои во извештајот на ДЗР за основниот буџет и начинот како владата финансиски работи со парите на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе