Вести Економија

Топ Тема – Во кој правец се движи македонскиот туризам?

Субвенции за странски туристи, додека македонските секој викенд во колони  излегуваат од Македонија. И покрај тврдењата на властите поткрепени со бројки дека македонскиот туризам е во нагорен тренд, угостителите не се согласуваат

Не сме на добар пат, јас би сакал да констатирам дека имаме многу предизвици кои што треба да ги решиме. Значи, имаме сериозни проблеми со вработувањата, имаме сериозни проблеми со инфраструктурата, имаме сериозни проблеми со правилата на игра кои што државата ни ги наметнува за добра и успешна сезона, вели Аркан Керим од Туристичко-угостителската комора при ССК.

Предупредува тека туризмот се соочува со многу предизвици и сите чинители треба да работат заедно за нивно надминување.

Ние можеби имаме бројки, имаме туристи, меѓутоа како да се справиме со предизвиците кои што доаѓаат? Еден патник пристигнува на охридскиот аеродром и за трансфер во хотелот му требаат 3ипол часа. Тоа не смее да се случи во сезона. Тоа треба да го решиме, да најдеме начин, методи како тоа да не се случува, затоа што срамота е, дециден е Керим.

Само три проценти од туроператорите од Македонија работат за дојдовни туристи во државата, посочи директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски. Спроед него, повеќе сакаме да бидеме сервисери на големи странски туроператори, но потенцира и дека тоа не значи дека само странските туроператори можат да ги земаат субвенциите.

Треба ние како луѓе, и како држава, и како жители на Македонија да расчистиме една работа. Дали сакаме да чекаме 2 часа, 3 часа на граничните премини за да излеземе од државава, или создадовме нешто овие три години за барам еден, два или три викенди да ги поминеме кај нас во годината. Причини имаме и за едната и за другата страна многу. Да, 9 години не е патот направен, во инфраструктурата треба да се вложува, дополнително можеби и не требаше овој период да се затвори сегментот во Охрид, но треба да бидеме трпеливи, смета Јаневски.

Керим предлага да се креираат настани, како музички фестивиали и слични насатни кои ќе привлекуваат туристи.

Ни фали конгресен туризам. Златна Универзална сала во центарот на Скопје, треба наменски да се направи да биде половина конгресен центар, половина сала. Меѓутоа ние гледаме дека политичарите се натегаат де лево, де десно, пет години не може да се направи ништо со Универзалната сала. Што би било ако се направи еден убав конгресен центар за 2.000, 3.000 луѓе? Секоја недела да имаме настани во Скопје, па тоа би било преубаво за сите. Не само за туристичките агенции и хотелите, туку задоволни ќе бидат и рестораните, шопинг центрите, сите. Значи ќе има прилив на гости кои ќе доаѓаат по основ на конгреси и семинари и ќе трошат пари. Меѓитоа, ние тие работи мораме заеднички да ги креираме во корелација со државата и со соодветните тела на државата, смета Керим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе