Вести Економија Топ вести

Поројните дождови закана за најголемата житница во државата, Пелагонија

Обилните врнежи од дожд  во вој период од годината се закана за најголемата житница во државата, Пелагонија. Земјоделците се жалат дека дел од посевите со пченица и јачмен на неполн месец пред жетвата се нападнати од болести и стравуваат дека приносите на житни културни некаде ќе се намалат и за 50 проценти. Очекуваат ниска откупна   цена под 20 денари.

Веќе има  болест кај житата, но уште се крепат. Ако продолжи оваа влага, ќе биде тешко, а ко не се поправата временските услови. Ако се развие рѓат до тој степен, можено да се намалат приносите и за 50 проценти, вели Ѓорѓи Ѓорѓиевски земјоделец до село  Логоварди.

Министерот за зeмјоделие Љупчо Николовски при денешната посета на Пелагонискиот регион рече дека откупната цена на пченицата веќе се крои на средба од сите засегнати страни. Уверува дека нема простор за загриженост поради недостиг на храна,  домашното производство  постојано  се зголемува, а годинава се очекуваат над 250 илјади тони лебно зрно. Доколку има штети поради временските неприлики,  државата ќе им помогне на земјоделците.

  • Ќе ги следиме преку сите потсекторски групи состојбите на терен, со сите инструменти кои ни стојат на располагање ќе реагираме конкретно ако имаме проблем. Не верувам дека ќе има недостиг, но дополнителна поддршка од државата ќе има за да обезбедиме храна, вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

На прашањето за неповолниот ревизорски извештај за 2021  за  Министерството за земјоделство кои денекса го достави државниот завод за ревизија, во кој има низа  слабости во финансиското работење, со нецелосен  попис на побарувања, исплати по тужби и извршни решениа, вработенис со кривични пријави, Николовски вели дека извештајот е за претходен период, а тој веќе постапил по сите насоки и препораки на ревизорите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе