Вести Економија Македонија Најважни

(видео)Битиќи: Анализите за враќање на ДДВ-то на 18% за струјата се при крај

„Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај“, вели вице премиерот за економски прашања Фатмин Битиќи, кој беше гостин во Утринска на Телма.

Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.

„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија“, вели Битиќи.

Тој, во Утринска на Телма, потенцираше дека како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните.

Од 1 јули граѓаните најверојатно ќе имаат можност повторно да користат евтина дневна тарифа на електрична енергија, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој денеска во интервју за утринската програма на телевизија Телма рече дека се прават последните анализи за тоа дали може да се врати евтината дневна тарифа,

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули. Цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри“,

рече Битиќи.

Сѐ поизвесно е враќањето на ДДВ-то за струјата од 10 на 18 проценти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест во најава Усје бара нова дозвола со стари параметри за загадување

Mirjana Joveska

Врховен работи со преполовен број на судии – нема пари, а вработените го тужат

Mirjana Joveska

Филипче денеска на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот на младинците во Ваташа

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе