Uncategorized Ракомет Спорт

Ѓоргиевска: Ако одиграме како во второто полувреме, можеме да се надеваме на успех

Македонската женска ракометна репрезентација во првиот дуел од баражот за Светското првенство на домашен терен е поразена од Украина со 24:22.

Капитенот на нашата селекција Елена Ѓоргиевска смета дека и покрај неуспехот нашиот тим има шанса за настап на Мундијалот.

“Ако одиграме како што го одигравме второто полувреме. Имаме минус, не искористивме на домашен терен да направиме разлика. Но не се предаваме, и ќе го дадеме максимумот за да одиме понатаму. На полувремето се договоривме да бидеме поконцентрирани и да не правиме толку грешки. Дисциплинирано влеговме во вториот дел и направивме се што можеме да го вратиме резултатот во нормала. Искрено не сум задоволна, затоа што се подготвувавме да бидеме дисциплинирани, затоа што изгубивме од еден ривал кој не е поквалитетен од нас. Можеби еуфоријата, преголемата желба, придонесоа да направивме многу грешки во првото полувреме. Се надевам ќе го поправиме до следниот меч, односно да не се изгубиме како во првиот дел”, рече македонската репрезентативка.

Реванш дуелот против Украина се игра во вторник на неутрален терен во Кишварда и почнува во 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Изборниот процес тече мирно – дел од граѓаните гласаат и за двата избори, а некои само за парламентарни

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе