Спорт Фудбал

Македонија “пеницилин” за Малта, пет победи и еден нерешен резултат

За македонската фудбалска репрезентација вечерашниот дуел против Малта ќе биде вкупно седми во историјата.

Од вкупно шест средби против денешниот противник, Македонија има пет победи и само еден нерешен резултат, а Малта има постигнато само два гола.

Серијата соочувања со Малтежаните ја почнуваме пред скоро точни 27 години кога на 27 март 1996-тата со голот на Саша Ќириќ успеавме да славиме во контролен дуел.

Осум месеци подоцна на 27 ноември повторно играме контролен меч, но овој пат на теренот на противникот и во Ла Валета славиме со 2:0 со головите на Ванчо Мицевски и Ќириќ од пенал.

Во 1998-та во период од два месеци ги играме единствените два квалификациски дуели и тоа за настап на Европското првенство.

Во Скопје на шести септември славиме со 4:0, а стрелци на головите се Ристо Божинов и Артим Шаќири кои по два пати ја затресоа мрежата на противникот.

На 10 ноември 1998-та како гости забележуваме победа од 2:1, а погодоците беа дело на Игор Саша Николовски и Срѓан Захариевски.

И последните два меча се контролни. На 21 август 2002 во Скопје триумфираме со 5:0 и со головите на Ацо Стојков, Артим Шаќири (два), Ѓорѓи Христов и Горан Пандев.

Пред 23 години на 11 август 2010 во Ла Валета го играме единствениот натпревар во кој не бележиме победа. Резултатот беше 1:1, а единствениот погодок за Македонија го постигна Иван Тричковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе