Спорт Фудбал

Малта прва пречка за Македонија на патот кон Евро 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот и 45 минути на арената Тодор Проески ќе го одигра првиот натпревар од циклусот на квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година.

Дуелот против Малта е одлична можност со победа да се отвори патот кон нов настап на големите натпреварувања, но и да се прекине низата на лоши резултати во последниов период.

Репрезентацијата на Македонија на еден натпревар нема победа од 12 јуни минатата година кога во Скопје славевме со 2:0.

Од тој дуел во Лигата на нации следува серија од четири порази и само еден нерешен резултат. Единствениот натпревар на кој успеавме да играме нерешено е оној контролниот со Финска на 17 ноември во Скопје кога на крајот резултатот беше 1:1.

Во таа лоша серија имаме два порази во Лигата на нации од Грузија во Тбилиси и дома од Бугарија, а на крајот од годината исто така во контролен натпревар одигран во нашата престолнина совладани сме од Азербејџан со 3:1.

Македонија е фаворит на дуелот со Малта. Примарно огромната разлика е пред се во пласманот на ранг листата на ФИФА. Нашата селекција во моментов е на 65-тото место додека Малта е далеку зад нас на 167-та позиција.

Малтежаните во пресрет на овие квалификации одигра три контролни натпревари во кои има по една победа, еден пораз и нерешен резултат. Во септември минатата година совладан е Израел со 2:1, во ноември играше нерешено 2:2 со Грција и во последниот настап во 2023 година поразена е од Република Ирска со 1:0.

Мечот против Малта го играме на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе