Спорт Фудбал

Милевски го соопшти списокот за Малта: Давор Здравковски единствен дебитант

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го соопшти списокот за претстојниот дуел со Малта, прв во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Деби повик доби поранешниот капитен на младинската селекција, Давор Здравковски.

Македонија ги стартува квалификациите во силната група Ц со Малта на 23 март на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Милевски денеска ги откри фудбалерите со кои ќе му се спротивстави на аутсајдерот во нашата група. Давор Здравковски, кој изминатава сезона игра одлично за АЕЛ Лимасол, а воедно е и еден од капитените на тимот, за прв пат се најде на списокот во А-селекцијата. Тој е единствениот дебитант, но по подолго време повик доби и Владица Брдаровски. На списокот на селекторот ги нема искусните играчи од средниот ред како Бобан Николов и Стефан Спировски поради мала минутажа во клубовите,  повреден стоперот Никола Серафимов.

Македонската репрезентација на 27-ми март ќе одигра и пријателски натпревар со Фарски Острови.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе