Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го соопшти списокот за претстојниот дуел со Малта, прв во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Деби повик доби поранешниот капитен на младинската селекција, Давор Здравковски.
Македонија ги стартува квалификациите во силната група Ц со Малта на 23 март на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Милевски денеска ги откри фудбалерите со кои ќе му се спротивстави на аутсајдерот во нашата група. Давор Здравковски, кој изминатава сезона игра одлично за АЕЛ Лимасол, а воедно е и еден од капитените на тимот, за прв пат се најде на списокот во А-селекцијата. Тој е единствениот дебитант, но по подолго време повик доби и Владица Брдаровски. На списокот на селекторот ги нема искусните играчи од средниот ред како Бобан Николов и Стефан Спировски поради мала минутажа во клубовите, повреден стоперот Никола Серафимов.

Македонската репрезентација на 27-ми март ќе одигра и пријателски натпревар со Фарски Острови.
ФОТО: Игор Паневски
