Спорт Фудбал

Кејн ќе решава за новиот тренер на Тотенхем

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ќе биде вклучен во потрагата по новиот тренер кој на крајот од сезоната треба да го замени Антонио Конте.

Овој потег на раководството на клубот се поврзува со обудот на првиот човек Даниел Леви да го задржи Кејн, кој во моментов преговара за продолжување на соработката.

Неофицијално во конкуренција за можен наследник на Италијанецот, кој најавува дека нема да ја активира клаузулата во договорат за дополнителен ангажман од 12 месеци остана поранешниот шеф на струката Маурисио Почетино, Луис Енрике, Томас Франк, Томас Тухел и Марко Силва.

Од друга страна се поинтензивни се шпекулациите и за можно заминување на Кејн за кој интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и минхенски Баерн.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе