Спорт Фудбал

ПСЖ ќе понуди 50 милиони фунти за капитенот на Манчестер јунајтед

ПСЖ во летниот преоден рок ќе прави голема реконструкција во дефанзивната линија. Веќе го договори Милан Шкрињар од Интер, а сега англиските медиуми шпекулираат дека францускиот тим ќе понуди 50 милиони фунти за Хери Мегваер од Манчестер јунајтед.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ го загуби стартното место сезонава кај менаџерот Ерик тен Хаг, па можно е следното лето да побара нов клуб. Интерес за англискиот репрезентативец има и од Њукасл, Вест Хем и Астон Вила од Премиерлигата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе