Спорт Фудбал

Катарците имаат предност во однос на Ретклиф за купување на Јунајтед

Иако се уште нема официјална реакција по доставувањето на понудите за купување на Манчестер Јунајтед, медиумите во Велика Британија пишуваат дека Џим Ретклиф ќе ја загуби и оваа битка за купување на еден клуб од Премиер лигата.

Откако имаше неуспешен обид да го преземе Челзи, Ретклиф ја губи и борбата за купување на клубот од Олд Трафорд.

Неофицијално сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер му дава предност на шеикот од Катар, Јасим бин Хамад ал Тани, кој заедно со британскиот милијардер доставија понуди за откуп на управувачкиот пакет на акции.

Имено Катарците се подготвени целосно да ги расчистат долговите без дополнително да се задолжуваат додека Ретклиф не расположен за ваков потег.

Некои медиуми тврдат дека постои поделба во семејството Глејзер, дел не е расположен за продажба, но се смета дека разговорите за иднината на клубот ќе продолжат и се очекува до крајот на сезоната да биде донесена конечната одлука.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе