Вести Економија Македонија Топ вести

Државата се задолжи со 500 милиони евра со новата еврообврзница, со камата од 7 отсто

Државата се задолжи со 500 милиони евра со новата евро-обврзница, со камата од седум насто.

Овие пари ќе се користат за рефинансирање на евро-обврзницата од 2016 година, и другите претходни долгови.

Од министерството за финансии ја оценија аукцијата како успешна, со четири пати повисок интерес од инвеститорите во однос на понудата.

Новата аукција следи откако пред извесно време, претходната евро-обврзница се повлече поради технички проблеми, односно недостасуваше потпис од министерот за правда кој си поднесе оставка.

Сумата на оваа евро-обврзница е пониска од пропаднатата евро-обврзница која беше 600 милиони евра, но каматната стапка е повисока.

Ова е деветта по ред евро-обврзница што ја издава државата.

Претходно, обезбедени се сто милиони евра од Европската Комисија, со камата од приближно три отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе