Во последниот натпревар од овој квалификациски циклус за пласман на Светското првенство, футсал репрезентацијата на Македонија ја совлада Шведска со 3:1 и има реални шанси за пласман во баражот место во решавачките квалификации за учество на Мундијалот.
Првиот гол за нашата селекција беше дело на Дарко Ранготов во 21-та минута. Истиот играч пет минути подоцна зголеми на 2:0, а потоа во 30-тата минута Дијаз намали на 2:1.
Конечните 3:1 на натпреварот во Скопје ги постави Игор Леовски во 39-тата минута.
ФОТО: Игор Паневски

















