Кошарка Спорт

Морант им одржа лекција на Лејкерс, јубилеен 100-ти трипл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

Џа Морант постигна 28 поени од своите 39 во третиот период и придодаде 10 асистенции и исто толку скока за да го води Мемфис до победа од 121-109 против Лос Анџелес лејкерс. Кај гостите кои беа без повредениот Леброн Џејмс најдобар беше Ентони Дејвис со 28 поени и 19 скока.

Милвоки стигна до 15-тата победа по ред откако славеше на гости кај Бруклин со 118-104. Јанис Адетокумпо имаше 33 поени и 15 скока за Бакс, додека Џру Холидеј имаше 14 поени. Микал Бриџис со 31 поен најмногу се истакна кај Нетс.

Никола Јокиќ стигна до јубилејниот 100-ти трипл-дабл во неговата НБА-кариера со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции, а Денвер го победи Хјустон со 133-112 на гостински паркет. Џамал Мареј придодаде 32 поени.

На останатите натпревари, Далас загуби на домашен терен од Индијана со 122-124 и покрај 39-те поени на Лука Дончиќ. Победи остварија и Голден Стејт, Минесота, Сан Антонио, Сакраменто, Торонто и Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе