Попладнево ќе се комплетира 20-тата рунда во домашниот фудбалски шампионат. Откако вчера Струга не успеа да стигне до победа во дуелот против Македонија ЃП, Шкупи со евентуален триумф на гостувањето во Кратово може да избие на првото место на табелата.
Третопласираната Шкендија денеска ја пречекува Победа додека Скопје на домашен терен ќе се соочи со Тиквеш.
Во последниот натпревар од денешната програма Работнички на стадионот Борис Трајковски во Маџари ќе ја пречека Брегалница и ќе се обиде да стигне до втората победа на стартот од продолжението на сезоната.
Сите натпревари почнуваат во 14 часот.
ФОТО: Игор Паневски
