Иако се најавуваше дека на крајот од сезоната Хари Кејн ќе си замине од Тотенхем, клубот денеска потврди дека ги почнал преговорите за продолжување на соработката.
Капитенот на Тотенхем и англиската репрезентација и најефикасниот играч во клупската историја на година и половина пред завршувањето на договорот е решен да остане во Лондон.
Дваесет и девет годишниот напаѓач сака да подолг рок да остане во екипата иако се шпекулираше дека постои голема веројатност тој летово да се пресели во некој од англиските премиерлигаши, а интерес за него покажаа Реал Мадрид и Баерн.
Иако разговорите се уште се во почетна фаза и двете страни се оптимисти дека бргу ќе се најде заеднички јазик и дека наскоро ќе биде објавено дека Кејн ќе остане во Тотенхем уште најмалку пет години.
Првиот стрелец на клубот сигурно дека ќе добие зголемување на платата која во моментов изнесува 10 милиони фунти по сезона. евра па дури потоа ќе добие дозвола да регистрира играчи за следната сезона.
ФОТО: Игор Паневски
