Раководството на Арсенал најавува дека е многу блиску до конечен договор за продолжување на соработката со Букајо Сака.
Топчиите на 20-годишниот напаѓач му нудат годишна плата од 10 милиони фунти плус бонуси што според актуелниот договор кој завршува во 2024 година е зголемување на примањата за четири пати.
Сака во моментов е дури на 11-тото место според платата која изнесува 3,6 милиони фунти и доколку ја прифати понудата тој ќе биде меѓу тројцата најдобро платени фудбалери во екипата.
Во моментов најмногу заработуваат Габриел Жезус со годишни примања од 13,7 и Томас Парти со 10 милиони фунти.
ФОТО: Игор Паневски
