Спорт Фудбал

Беше помошник во Нефчи и Карабах, а сега ќе го предводи Саутемптон во најсилната фудбалска лига

Рубен Селес ќе го води Саутемптон во битката за опстанок во Премиерлигата до крајот на актуелната сезона. „Светците“ денеска официјално го назначија младиот шпански стратег за менаџер, откако изминатиот викенд го водеше тимот до сензационална победа од 1-0 на гостувањето кај Челси.

Селес е третиот менаџер на клупата на тимот од „Сент Мери“, по Ралф Хазенхитл и Нејтан Џоунс. За 39-годишниот Шпанец ова е прва работа како главен тренер, бидејќи претходно му беше помошник на Хазенхитл, а претходно има работено во стручните штабови во помали клубови како Шињик Јарослав, Нефчи и Карабах од Азербејџан потоа, Архус и Копенхаген во Данска, норвешки Штромгосет, а има работено и со тимот до 18 години на Валенсија.

Саутемптон моментално е на последното место на табелата во Премиерлигата со 18 бодови, а утре игра дерби за опстанок на гости кај претпоследниот Лидс јунајтед.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе