Во 17-тото коло, прво во продолжението од Фудбалското првенство на Македонија на програмата се дуели во кои се среќаваат водечките четири тима на табелата.
Во Кичево без присуство на гледачи ќе се одигра мечот меѓу Шкупи и Шкендија додека во Кавадарци, четвртопласираниот Тиквеш е домаќин на лидерот Струга.
Реконструираниот тим на Академија Пандев попладнево во Скопје ќе се соочи со Македонија ЃП додека во дербито од долниот дел на табелата Победа го пречекува Работнички.
Во последниот натпревар од денешната програма Брегалница во Штип се среќава со последнопласираното Скопје.
Сите натпревари почнуваат во 14 часот.
ФОТО: Игор Паневски
