Вести Култура

Партиската припадност не е критериум според кој на Цветанка Ласкова ѝ е одобрен проект на конкурсот на Министерството за култура

Со 300.000 денари Министерството за култура ќе го финансира концертот на Цветанка Ласкова годинава, организиран по повод 50 години од нејзината музичка кариера. Зад оваа одлука стои Комисијата за музичко-сценска дејност со која претседаваше професорот од ФМУ, Александар Трајковски. Министерката за култура, на денешниот брифинг демантира дека за оваа одлука пресудила партиската припадност на Ласкова како член на владеачката СДСМ.

Секој квалитетен проект за кој што комисијата ќе одлучи дека е квалитетен треба да се подржи. И никогаш да не се гледа на индивидуалноста, на партиската припадност, како што сум сигурна дека комисиите за овој повик не го правеа, рече минситерката Бисера Костадиноска – Стојчевска.

Истата комисија за концерт на Петар Грашо во Битола доделила 180.000 денари, а на домашниот „Оф фест“ му одобрила 1 милион и 20 илјади денари, што е за половина помалку од лани. Организаторите на фестивалот најавија дека со тие пари се принудени да го откажат годинашното издание. А, министерката кажа да размислат дали ќе се откажат од парите и дека историјата се повторува како во 2019 година.

Не е ова прв случај кога добиле 1 милион, односно кога не му биле одобрени сите побарани средства, рече Костадиновска – Стојчевска.

За реакциите на издавачите и на ДПМ дека овој дел од програмата треба да се ревидира  зашто одлуките се без прецизни критериуми, дека повеќе значајни автори не добиле доволно средства или воопшто не поминале на конкусот, министерката кажа дека парите за проекти се вкупно 12, 6 милиони евра и дека никогаш нема да бидат доволни. Но, и дека комисијата за издаваштво соодветно ги распределила. А, за одбиената монографија на Тошо Филиповски за 45 години кариера на музичарот и композитор Горан Трајкоски, комисијата оценила дека со публикацијата не се одбележуваат 50 години од неговата кариерата. Сите одбиени апликанти имаат право на жалба во рок од 15 дена по добивањето на решенијата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој работи „ќе остане“: Мицкоски најави промени и во Влада и во партијата

Дејан Дејан

Сопартиецот на Таравари, Сулејмани, се повлекува од сите партиски тела и од партеничаката функција

Дејан Дејан

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе