Култура

Претседателот на ДПМ со реакција за конкурсот на Министерството за култура за издавачка дејност

Денеска, на одбележувањето на Денот на основањето на Друштвото на писателите на Македонија, беше присутна и познатата македонска поетеса Гордана Михаилова Бошњаковска. Таа на новинарите им се пожали дека Министерството за културо не го прифатило објавувањето на нејзината најнова поетска книга. Гордана Михаилова Бошњаковска минатата година говореше на свеченото отворање на интернационалната манифестација Струшки вечери на поезијата, ја доби меѓународната награда Книжевен жезол на Друштвото на писателите на Македонија и денес е најпознатата наша поетеса од третата генерација. А, од друга страна, Министерството за култура не издвојува средства за објавување на нејзината најнова поетска книга, вели претседателот на ДПМ Христо Петрески во соопштение до јавноста.

Пред некој ден, исто така, со право се пожали во јавноста и писателот Петар Андоновски, дека Министерството за култура не го прифатило за објавување неговиот најнов роман. Петар Андоновски е еден од најдобрите современи македонски писатели. Добитник е на највисоките државни награди за проза и неговите книги се преведуваат и објавуваат во странатво. Тој е претставник на современата македонска литература и наш репрезент, а од друга страна – во матичната средина нема средства за објавување на неговото најново прозно дело.

Има и други бројни примери за вакви и слични пропусти и грешки, кои веднаш треба да се корегираат, зашто никој нема право да се поигрува со македонските писатели, да ги потценува и омаловажува, зашто тоа не е само нивен индивидуален проблем, туку и наш заеднички и колективен хендикеп, чии последици се одразуваат (сега и долгорочно) на национално и меѓународно ниво.

Ако нема средства за Бошњаковска и Андоновски, тогаш за кои други писатели се издвојуваат средства?!

Ако нема средства за врвните и најдобрите, тогаш дали по пркнципот на социјала се издвојуваат само за послушните и просечните?!

Доста беше со молчење и радување на туѓата несреќа. Проблемите на нашите колеги се и наши. И сите ние сме биле или ќе бидеме во нивната ситуација, па затоа јавно истакнуваме дека проблемот не е само личен, туку е системски,:па јавно се прашуваме кои се членовите на Комисиите кои прават вакви и слични избори, колку се тие компетентни и самостојни, или и овие Конкурси служат за реваншизам, партиски поделби и задоволување на личните и клановски суети на привремените, пристрасни и необјективни арбитри.

Во мое лично име и во име на Друштвото на писателите на Македонија го кревам јавно својот глас и ги повикувам колегите – писатели Томислав Османли и Билјана Црвенковска, како членови на Советот за култура при Министерството за култура, да се заземат и да ги отстранат час поскоро овие катастрофални пропусти и нечовечки (нехумани) неправди.

Додека го пушував овој текст, прочитав дека бил одбиен и не добил средства и познатиот писател Блаже Миневски за неговиот најнов роман посветен на Гоце Делчев. Ниту Комисијата за издавачка дејност, ниту Министерството за култура – немаат право да бидат цензори и да ги отфрлаат, односно не финансираат врвните автори и нивните најнови дела.

Доколку деновиве не се отстранат овие и другите пропусти и проблеми, Друштвото на писателите на Македонија ќе оджи вонреден пленум на кој ќе се побара одговорност од Министерството за култура, вели Петрески во соопштението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за култура разрешува членови на Управни одбори кои ги прифатиле приговорите за мартовските плати

Дејан Дејан

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе