Вести Култура

Во изминатите 3 години средствата за култура од државата намалени во однос на периодот до 2017

Државата издвојува помалку пари за културата последниве години, во однос на периодот до 2017, покажува анализата на економскиот експерт Бранимир Јовановиќ. Во последниве три години вложени се само 0,5% од БДП, што ја става Македонија меѓу најниско рангираните држави во регионот по издвојувања во културата. За споредба, Хрватска издвојува 1,5% од БДП, вели Јовановиќ.

Претходно , за време на претходната влада средствата достигнаа до 0, 8- 0, 9% од БДП, што е фактички повисоко ниво за околу 60%. Се разбира, тие средства што беа вложени од претходната влада често пати беа непродуктивни и се однесуваа на „ Скопје 2014“. Но, во вкупен износ претходната влада вложуваше многу повеќе во културата, рече јовановиќ.

Драстично се намалени и средствата што државата ги издвојува за одобрените проекти од независната култура сцена. Последниве 2 години тие се околу 6%, за разлика од 2019 и 2020 година кога беа издвојувани до 10% од средствата.

За одобрените проекти за оваа година кои министерката за култура ги објави денеска вкупната сума изнесува 12,5 милиони евра.

Комисиите внимаваа да подржат проекти од подносители кои до сега не користеле средства од буџетот на Министерството за култура. Подржани се проекти од интеркултурен карактер и проекти што одат во полза на деметрополизација на културата. Секако и проекти кои ја афирмираат нашата култура и уметност надвор од границите, тврди минситерката бисера костадиновска стојчевска.

А, вкупниот буџет за култура , за 2023 година и за 1% помал од лани.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV ја започна својата понтификална служба со свечена миса во Ватикан

Дејан Дејан

Наскоро ќе биде објавена листата си нови лекови на сметка на фондот

Дејан Дејан

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе