Со буџет од 12, 5 милиони евра ќе се финансираат проектите од национален интерес во културата, оваа година.
Од пријавените апликанти на конкурсите се прифатени 3.355 релевантни пријави, а поради нецелосна документација се одбиени 332 пријави.
Подржаните проекти го одразуваат духот на нашата традиција, национален идентитет , но и разновидност.
Ова го кажа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на денешната презентација на резултатите од конкурсите за подршка на проектите од културата.