Барселона е лидер во шпанскиот шампионат, но клубот од Каталонија никако не успева да се извлече од големата финансиска криза и во следниов период ќе мора повторно да го намали буџетот за плати.
Во последниот допис од Ла Лига, Барселона ќе мора до почетокот на следната сезона да го намали буџетот за плати за 200 милиони евра доколку сака да ги исполни условите за финансиски фер плеј и да може да регистрира нови играчи.
За да се дојде до целта Каталонците во текот на летниот преоден рок ќе мора или да ги намали примањата на фудбалерите или да ја прекине соработката со играчите кои имаат најголеми примања.
Први на листата се Френки де Јонг и Ансу Фати кои во последниве месеци постојано се поврзуваат со можни трансфери во некои од европските клубови, а пред се најзаинтересиран е Манчестер Јунајтед.
Покрај оваа двојка тука се уште Серхио Бускетс кој летово сигурно заминува од Камп Ноу како и Жорди Алба, Серџи Роберто, Френк Кесие и Усман Дембеле.
