Во пресрет на жрепката за претстојните квалификации за Европското првенство за фудбалери до 21 година што ќе се одржи во Словачка во 2025 година, репрезентацијата на Македонија е поставена во четвртиот квалитативен сад.
Покрај селекцијата на Македонија во оваа група се уште Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Турција, Велс, Белорусија, Северна Ирска и Албанија.
Педесет и двете репрезентации кои се вклучени во овој циклус на квалификации ќе бидат поделени во седум групи со по шест тима и две со пет.
Квалификациите ќе се играат во периодот од март 2023 до Октомври 2024 година. Победниците од секоја конкуренција и трите најдобро второпласирани директно ќе се пласираат на завршниот турнир додека останатите шест селекции ќе играат бараж.
Според правилата на УЕФА поради разни причини во иста група не можат да бидат репрезентациите на Ерменија и Азербејџан, Белорусија и Украина, Гибралтар и Шпанија, БиХ и Косово и Србија и Косово.
Жрепката ќе се одржи в четврток во Нион со почеток во 9 часот.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ВО ФУДБАЛ ДО 21 ГОДИНА
КВАЛИТАТИВНИ САДОВИ
САД 1: Шпанија, Португалија, Германија, Франција, Холандија, Англија, Данска, Италија, Романија
САД 2: Хрватска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Полска, Украина, Шведска, Австрија и Р. Ирска
САД 3: Норвешка, Грција, Исланд, Словенија, Израел, Финска, Грузија, Србија, Шкотска
САД 4: МАКЕДОНИЈА, Б и Х, Бугарија, Унгарија, Турција, Велс, Белорусија, Северна Ирска, Албанија
САД 5: Косово, Црна Гора, Молдавија, Литванија, Фарски Острови, Кипар, Казахстан, Азербејџан, Летонија.
САД 6: Малта, Ерменија, Луксембург, Андора, Естонија, Гибралтар, Сан Марино
ФОТО: Игор Паневски
