Иако се беше договорено околу трансферот на Хаким Зиеш од Челзи во Пари Сен Жермен поради бизарна грешка на администрацијата во лондонскиот клуб, Мароканецот и во следните шест месеци остане на Стемфорд бриџ.
Додека двата клуба преговараа за условите под кои Зиеш ќе се пресели во француската престолнина, тој ги мина лекарските прегледи и додека се чекаше документацијата за неговата регистрација заврши преодниот рок.
Преговорите меѓу двата клуба беа исцрпувачки. Челзи инсистираше Зиеш комплетно да се пресели во Пари Сен Жермен, а Французите бараа позајмица на шест месеци.
Сепак во еден момент се мислеше дека двата клуба најдоа заеднички јазик и кога се очекуваше негова регистрација се случија серија на бизарни грешки поради кои во Пари Сен Жермен сметаат дека се намерни и со цел трансферот да пропадне.
Француските медиуми пишуваат дека Челзи дури три пати документацијата за позајмица ја испраќале на погрешна адреса и тоа постојано кон Здружението на прволигашите во Франција, а не во клубот.
Додека се откри за што станува збор преодниот рок веќе беше завршен.
Поради ова Пари Сен Жермен најави жалба до националната федерација во обид да добие дозвола за регистрација бидејќи вината не е во клубот туку во неспособната администрација на Челзи.
ФОТО: Игор Паневски
