Спорт Фудбал

Англичаните повторно потрошија најмногу пари на засилувања

Зимскиот преоден рок е завршен во последен момент неколку клуба успеаа да ангажираат нови фудбалери, а во изминативе триесет и еден ден најмногу пари повторно потрошија клубовите од Англија.

Според првичната анализа на ревизорската компанија Deloitte’s Sports Business Group членовите на Премиер лигата во нови играчи инвестира сума од 820 милиони евра, а прв меѓу нив е Челзи кој вложи повеќе од една третина или 37%.

Клубот од Стемфорд бриџ во последните моменти од преодниот рок го собори и рекордот во Премиер лигата откако за трансферот на Енцо Фернандез на Бенфика и плати обештетување од 121 милион евра надминувајќи ја сумата која Манчестер Сити ја исплати за ангажирање на Џек Грилиш.

Инаку парите кои Челзи ги инвестираше во засилувања на тимот се поголеми од вкупната сума која ја потрошија клубовите во Германија, Шпанија и Франција.

Клубовите од најголемите пет лиги во Европа потрошија вкупно преку милијарда евра, најмалку од сите вложија членовите на Бундес лигата или скромни пет милиони, клубовите во Франција 75, во Италија 35 и Шпанија 15 милиони.

Ако се земе в предвид споредбата со минатата година вкупната сума изнесува 1,2 милијарди евра што е за 6% повеќе во однос на 2022-та.

Зголемувањето се однесува само поради фактот дека вложувањата во Англија бележат рекорден раст додека во сите останати лиги регистриан е пад кој се поврзува со лошата финансиска ситуација во поголемиот дел од Европа.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе