Јанис Адетокумпо го предводеше Милвоки до триумф од 135-110 против Њу Орлеанс во рамки на НБА-лигата. Грчкиот интернационалец постигна фантастични 50 поени и покрај тоа што играше само 30 минути, а придодаде и 13 скока. Пеликанс го запишаа осмиот пораз по ред, а утринава беа без тројца стартери како Зајон Вилијамсон, Брендон Инграм и Си Џеј Мекалум. Во нивно отсуство најефикаен беше Жозе Алварадо со 18 поени.
Чеди Осман постигна за него рекордни 29 поени во кариерата и го водеше Кливленд до триумф од 122-99 против Лос Анџелес клиперс. Турскиот репрезентативец, кој е роден во Охрид беше перфектен за три поени и погоди седум пати од исто толку обиди.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Мајами 122-117
Мемфис – Индијана 112-100