Вести Култура

(Видео) Уредниците на МКЦ до Арсовска: Престанете со мобинг и отворете фер конкурс за директор

Престанете со мобинг и отворете фер конкурс за директор на институцијата и порачаа уредниците на МКЦ на градоначалничката Арсовска. Бараат доколку има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат.

Треба да заврши ревизијата па потоа да се даваат забелешки во однос на работењето на претходниот вд. директор Ванчо Богоев, кој денеска не се појави на прес конференцијата и тоа ќе го стори во следните денови, како што велат од МКЦ од оправдани причини.

Во врска со  обвинувањето на Арсовска дека од благајната на МКЦ биле повлечени над 100 илјади евра на кои им се губи трагата, од МКЦ велат дека за сите финансии има соодветна документација која во моментов е заклучена позади бравите за кои само некои луѓе имаат клуч.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Пукотници на уличен фестивал во Охајо – 20 повредени лица, од кои двајца се во критична состојба

Дејан Дејан

Парламентарни избори во Ерменија – продолжување кон Западот или враќање кон Русија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе