Спорт Фудбал

Ница во конкуренција за ангажирање на Барди

Енис Барди во последните денови од јануарскиот преоден рок најверојатно ќе си замине од Трабзонспор, а од ден во ден се зголемува листата на клубови кои се заинтересирани за македонскиот репрезентативец.

Откако пред неколку дена беше објавено дека во трката за Барди се вклучуваат Мајорка, Бетис и Торино, Ница е последниот клуб кој би сакал да во види во своите редови.

Барди во Трабзонспор дојде во текот на летото откако турскиот прволигаш за него на Леванте му плати обештетување од осум милиони евра.

Трабзонспор сака да ја прекине соработката со македонскиот репрезентативец како дел од планот за намалување на буџетот за плати во овој дел од сезоната.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе