Денвер дојде до победа против Орландо со 119-116 благодарение на тројката на Никола Јокиќ во последната секунда од натпреварот. Српскиот центар го заврши натпреварот со 17 поени, 14 асистенции и 10 скока што за него беше 12-ти трипл-дабл сезонава. Арон Гордон имаше 25 поени за Нагетс, додека кај гостите најефикасе беше Маркел Фулц со 20 поени.
Филаделфија славеше против Лос Анџелес лејкерс на гостински паркет во драматичен финиш со 113-112. Расел Вестбрук не реализираше во последниот напад за да им донесе победа на домашните кошаркари. Жоел Ембид ги предводеше сиксерс со 35 поени и 11 скока, додека Леброн Џејмс реализираше 35 поени и 10 асистенции за да стане вториот кошаркар во историјата што стигнал до 38.000 поени во кариерата веднаш задд Карим Абудл Џабар.
Портланд го совлада Далас со 140-132, благодарение на 40-те поени на Демијан Лилард, додека кај Маверикс недостигаше Лука Дончиќ.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Детроиот – Њујорк 104-117
ЛА Клиперс – Хјустон 121-100
Чикаго – Голден Стејт 132-118
Бруклин – Оклахома 102-112
Сан Антонио – Сакраменто 32-119