Спорт Фудбал

Првиот човек на францускиот фудбал суспендиран само неколку дена откако даде невкусна изјава за Зидан

Управниот одбор на Француската фудбалска федерација го суспендираше претседателот Ноел ле Грае од позицијата и го назначи Филип Диало како првивремен претседател. Против Ле Грае е покрената истрага, а пред само неколку дена предизвика сериозни контроверзи откако даде понижувачка изјава за Зинедин Зидан.

Француските медиуми објавуваат дека Ле Грае го напуштил состанокот на Управниот одбор на федерацијата во солзи, бидејќи бил приморан да се повлече од претседателската функција. 81-годишникот е во голема невоља, бидејќи миниестерството за спорт покрена истрага против него откако беше обвинет за сексуално вознемирување од фудбалска агентка во периодот од 2014 до 2017 година.

Тој неодамна даде и контроверзна изјава за Зинедин Зидан, кратко откако објави дека Дидие Дешамп го продолжува својот мандат на селекторската клупа до СП во 2026 година. Во интервју за едно француско радио, тој изјави дека не би му ни кренал телефон на Зинедин Зидан ако сакал да го исконтактира за селекторската позиција.

Оваа негова изјава предизвика лавина реакции во Франција, а на социјалните мрежи се огласи Килијан Мбапе, кој побара поголема почит за францускиот фудбалски великан, а официјално соопштение објави и Реал Мадрид, поранешниот клуб на Зидан.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе