Себастијан Алер денеска ги одигра првите минути за Борусија Дортмунд откако го победи ракот. Голгетерот влезе во финишот од пријателската средба со Фортуна Дизелдорф одиграна во Марбеља, Шпанија.
Da isser! 😍 @HallerSeb pic.twitter.com/Q5n6YfwaSO
— Borussia Dortmund (@BVB) January 10, 2023
Во јули минатата година за време на летните подготовки, кратко откако направи трансфер од 35 милиони евра во Борусија, му беше дијагностициран рак на тестисите. Успеа да се избори со болеста откако ја мина хемотерапијата, а му беше направена и операција.
Се очекува Алер да биде важен фудбалер за „милионерите“ во втората половина од сезоната во Бундеслигата.
