Борусија Менхенгладбах и официјално го информирала Баерн Минхен дека нема намера да го продаде голманот Јан Зомер во јануарискиот преоден рок.
Баварците силно притискаа за швајцарскиот репрезентативен голман, бидејќи Мануел Нојер ќе биде во аут до крајот на сезоната откако ја скрши ногата на скијање веднаш по Светското првенство во Катар.
Тимот од Менхенгладбах не сака да преговара и сигурно ќе го задржи Зомер до крајот на сезоната. Голманот има валиден договор до јуни , по што планира да си замине како слободен агент.
