Вести Култура Македонија

Луис Бонија: Мојата цел е да се елиминираат границите меѓу луѓето

Голем празник за душата и за ушите . Ваква атмосфера за опуштање и уживање на публиката, на крајот на тешката година,  направи американскиот џез тромбонист, композитор, продуцент, аранжер и професор Луис Бонија, на концертот со Биг бендот на Здружението на џез музичари, во салата на Филхармонијата.

На програмата беа авторски латино џез композиции од Бонија, со посебни аранжмани за Биг бенд оркестар.

А, Бонија не го криеше задоволството што по втор пат настапува пред македонската публика , откако во втората половина на 90 –тите години на минатиот век, свиреше на Скопскиот џез фестивал.

„Многу сум среќен што бев поканет да ја посетам  повторно Македонија.И да настапам со ова Здружение на овој концерт. Мислам дека на крајот на нашата изведба, без разлика дали луѓето  ќе ја запаметат музиката што ја свириме или не, не е многу важно. Важно е да запаметат како се чувствувале. Мојата цел е секогаш нашата публика да се почувствува многу воодушевена , среќна  и да се чувствува како да е дома“ – изјави џез тромбонистот и композитор, Луис Бонија.

Луис Диего Бонија по потекло од Костарика, ужива третман на октопод меѓу џез музичарите во САД.

Поседува повеќе од личен музички израз и владее различни музички стилови. Од латино, преку бразилска , поп, фанк рок и џез музика.

Соработувал со различни музичари и оркестри. Меѓу нив се Авангард џез оркестарот, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Фил Колинс, Том Харел, Алехандро Санз, Аструд Жилберто, Лестер Боуви.

Секогаш интуитивно, истакнувајќи го најдоброто од соработниците, велат критичарите за Бонија.

„Еден од моите ментори во Њујорк- Лестер Боуви, секогаш велеше дека џезот не е музиката што ја свириш. Тоа е начинот на кој се свири музиката. Колку подолго постои креативна околина, тоа ти дозволува да се изразиш конфорно во било кој идиом, во било кој вид музика“ – додава Бонија.

Објавил 6 соло албуми, а работел и на над 50 други со разни музичари и оркестри, чии носачи на звук двапати се овенчани со престижната Греми награда. Бонија вели дека е благодарен за тоа.

Но , признава дека сепак главната цел му е, додека работи да се забавува и да биде среќен. Неговата новогодишна желба е да продолжи со настапите по светот, за да ги елиминира границите меѓу луѓето.

„Особено музичарите и јас, патуваме низ светот и работиме со големи светски музичари. Мислам дека крајна цел е онаа што секогаш сум ја имал. Да се елиминираат границите, ако не физичките, барем менталните граници. За сите да разбереме дека сите сме исти“ – посочува Бонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе