Вести Македонија Топ вести

Студентите и Владата постигнаа договор за исплата на субвенционираниот студентски оброк

Протестот пред Собранието на кој студентите ги покажаа скромните оброци и средбата со надлежните внатре, вродија со плод.

Ретроактовно, до 15 декември на студентите ќе им се исплаќаат средства за студентски оброк во висина од 120 денари на ден, согласно Законот за субвенциониран студентски оброк.

Така ќе биде до март, а потоа се очекува ново, трајно системско законско решение на кое ќе се работи веќе од утре.

Победата на студентите значи и тргање од измените на Законот за студентски оброк на спорните услови кои предвидуваа студентите кои се апсолвенти, земаат стипендија или се од семејства кои имаат повисоки месечни приходи над минималната плата да не можат да го остварат правото на студентски оброк, рекоа предлагачите на овој закон.

Околу барањата на студентите за санација на студентските домови, од Владата кажаа дека за тие каде што е најнеопходно ќе се обезбедат средства со Предлог- буџетот за 2023-та и се очекува пратениците тоа да го подржат преку амандмани.

А, во фази и со средства од Германската развојна банка, започнувајќи од следната година па натаму, ќе се санираат 8 студентски домови во земјава.

„Стив Наумов“, е предвиден да се обнови во првата  фаза. А, согласно менаџирањето со електричната енергија и користењето на парно граеење во домовите, од Владата ќе ја почекаат документацијата од таму и ќе се бараат итни решенија , каде што е потребно, согласно законските можности, за да им биде потопло на студентите оваа зима.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изложба и предавање во Музејот на македонската борба посветени на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна

Tea Dimkovska

Државјанин на САД нарачал дрога скриена во ДВД-а, уапсен е кога ја примал пратката

Дејан Дејан

Вработени од Детска клиника на протест: Шест месеци без плата и без продолжени договори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе