Култура

Со концерт на камерниот оркестар Ба-Рок започнуваат Есенските музички свечености

Годинашново издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“, свечено ќе биде отворено утре вечер со концерт на камерниот оркестар „ Ба- Рок“, во 20 и 30 часот, во фоајето на Националната опера и балет.
На концертот ќе бидат изведени дела од Хендел, Вивалди и Рамеу.

Камерниот оркестар  „БА- РОК“ својот прв настап го имаше на „ Мајските оперски вечери “, минатата година. во продукција на Национална Опера и Балет

Во оркестарот членуваат: Климент Тодоровски и Јане Бакевски- виолини, Марија ГеоргиевавиолаКирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабасМарија Јакимовска – флејта или пиколоТатјана Петрушевска, Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот и Теодор Теодосиевски – ударалки. А, солисти се: Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист во оркестарот е Иван Еминовиќ. 

Режисер на концертот е Љупка Јакимовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Експресионистичкиот ликовен свет на Масин од вечерва на увид на јавноста

Дејан Дејан

Шестото издание на „Литера“ со повеќе новитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе